Загина 50-годишен маж удрил во банкина и метален столб

Макфакс

07/09/2026

12:10

147

Големина на фонт

а а а

Во близина на Крива Паланка, мотоциклист на 50 години излетал од патот и удрил во банкина и метален столб, при што настрадал на лице место.

Вчера околу 13:00 часот во ОВР Крива Паланка е пријавено дека на патот Крива Паланка- Куманово, во атар на с.Градец, 50-годишниот М.Н. од с.Кутија, неготинско, управувајќи мотоцикл со неготински регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во банкина и метален столб.

Од здобиените повреди, на местото на настанот возачот починал, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Крива Паланка, соопшти полицијата.