СДСМ ја критикува власта за неспособност и задоцнета реакција во справувањето со западнонилската треска и здравствената криза во Гостивар, истакнувајќи дека има осум жртви и нејаснотии во извештајот за водата веќе осум недели.
СДСМ ја обвини власта за задоцнета реакција, институционален хаос и неодговорност во справувањето со западнонилската треска и со здравствената криза во Гостивар.
„Осум жртви од западнонилска треска и осум недели без извештај за водата во Гостивар. Две здравствени кризи, ист модел на однесување на власта на Мицкоски и Клековски: задоцнета реакција, институционален хаос, молк и никаква одговорност“, соопшти СДСМ.
Од партијата велат дека со недели предупредувале дека власта задоцнила со превенцијата од западнонилската треска, со прскањето против комарци, системските мерки и навремената заштита на граѓаните.
„Бројот на заболени и починати расте, а одговорност нема“, велат од СДСМ.
Од партијата се осврнаа и на здравствената криза во Гостивар, наведувајќи дека околу 5.000 граѓани побарале медицинска помош, а осум недели подоцна јавноста сè уште го нема целосниот извештај за водата.
„Што кријат Мицкоски и Клековски осум недели? Цената на нефункционалниот систем ја плаќаат граѓаните – со своето здравје, а за жал и со своите животи“, се наведува во соопштението.








