Дини го избра тимот на колото во ПЛ и најдобриот менаџер

Дерби

07/09/2026

11:08

275

Големина на фонт

а а а

Со дербито меѓу Арсенал и Челси кое заврши со триумф на домаќините од 2-1 беше комплетирано третото коло во англиската Премиер лига.

Ова беше рунда која немаше некои изненадувања, Арсенал, Манчестер Сити и Ливерпул ја потврдија улогата на фаворити, додека Манчестер Јунајтед не успеа да го освои целиот плен на „Хил Дикинсон“ против Евертон, ама тоа е тежок терен.

Трој Дини како стручен аналитичар за „Би-Би-Си“ продолжи да го бира тимот на колото, овојпат е во формација 3-5-2 во кој „топчиите“ се најзастапени со четворица играчи Раја, Конса, Одегард и Хаверц.

Предводник на овој тим е Дејвид Мојс.