Во среда ќе се прска против ларви од комарци во Скопје

Макфакс

07/09/2026

09:30

128

Големина на фонт

а а а

Во Скопје на 9 септември ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци на водни површини, со можност за одлагање доколку временските услови не се поволни. Градот ги повикува пчеларите да ги заштитат пчелите.

На подрачјето на Скопје во среда, 9 септември, ќе се врши терестрична дезинсекција против ларви од комарци, информираат од Град Скопје.

Прскањето ќе се врши на водни површини.

Доколку временските услови не дозволат спроведување на дезинсекцијата, таа ќе биде извршена првиот нареден ден со поволни временски услови, во истите термини.

Од Град Скопје ги повикуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.