Вулканска пепел ја прекри Џакарта, нарушени повеќе од 2.300 летови

Макфакс

07/09/2026

08:30

84

Големина на фонт

а а а

Вулканската пепел од ерупцијата на Анак Кракатау ја покри Џакарта и го наруши воздухопловниот сообраќај, предизвикувајќи откажување и доцнење на повеќе од 2.300 летови и затворање на седум аеродроми во Индонезија.

Седум аеродроми во Индонезија, меѓу кои и два во Џакарта, денеска останаа затворени поради вулканска пепел од ерупциите на Анак Кракатау.

Пепелта од вулканот, кој се наоѓа меѓу островите Јава и Суматра, ја прекри Џакарта и неколку околни области. Повеќе од 270.000 патници се погодени од доцнење, пренасочување или откажување на околу 2.300 летови.

Главниот аеродром во Џакарта треба да остане затворен до 18 часот по локално време, заедно со уште шест аеродроми. Властите предупредуваат дека не може со сигурност да се каже кога состојбата ќе се нормализира.

Вулканската пепел може да претставува опасност за авионските мотори, а надлежната агенција предупреди дека веројатноста за нови ерупции останува висока.

Жителите се повикани да носат маски на отворено, додека училиштата во Џакарта и Лампунг ќе преминат на онлајн настава поради можните здравствени ризици.