Денеска, 7 септември, делови од општините Сопиште и Ѓорче Петров ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето.
Делови од општините Сопиште и Ѓорче Петров денеска, 7 септември, ќе останат без електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија АД.
Од 09:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат дел од корисниците во селото Ракотинци, во месноста Црвена Прс, во општина Сопиште.
Во периодот од 09:00 до 14:00 часот прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците лоцирани во близина на базата на Еуробетон, во близина на ББФ Компани кај Стенковец, во општина Ѓорче Петров.








