Лавров: Мерц практично ни објавува војна

Макфакс

06/09/2026

15:45

353

Големина на фонт

а а а

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека германските обвинувања за вмешаност на Москва во инцидентот со дрон на аеродромот во Лајпциг претставуваат „почеток на вистинска војна“.

„Сите тие изјави на Мерц за повторно претворање на Германија во водечка воена сила во Европа се спроведуваат во пракса. Тој практично ни објавува војна“, рече Лавров, коментирајќи ги изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц.


Германската влада на 1 септември соопшти дека располага со податоци според кои Русија е одговорна за обидот за напад со дрон врз аеродромот Лајпциг/Хале минатиот месец. Берлин најави низа мерки, меѓу кои затворање конзулати и рускиот културен центар во Берлин.


Русија ги отфрли германските обвинувања како неосновани и го обвини Берлин дека подметнал докази за да ѝ ја припише одговорноста за нападот.