Во Гостивар е приведен 55-годишен маж по пријава од 40-годишна жена дека тој физички и полово ја нападнал во нејзиниот дом. Полицијата презема мерки и ќе поднесе соодветна пријава.
Полицијата приведе 55-годишен гостиварец откако 40-годишна жена го пријавила дека физички и полово ја нападнал во нејзиниот стан.
Како што информира МВР, на 5 септември во 7:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С. (55) од Гостивар.
Полицијата постапила по пријава поднесена претходниот ден од 40-годишна жена од Гостивар. Таа пријавила дека во ноќните часови помеѓу 1 и 2 септември, во нејзиниот стан, нејзиниот вонбрачен сопруг А.С. физички ја нападнал и извршил полов напад врз неа.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.








