ВМРО-ДПМНЕ за случајот со возачот: Се обидел да земе мито, веднаш реагирало МВР

Макфакс

06/09/2026

11:18

214

Големина на фонт

а а а

Колегите од СДС очигледно ги помешале лончињата. Толку се заглибени во криминал што мислат сите се како нив. Па кога ќе се апсат митаџии и криминалци тие сакаат таа слика да ја претстават за сите, реагира ВМРО-ДПМНЕ по случајот со возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, кој бил приведен под сомнение дека зел мито.

„Уапсениот вработен се обидел да земе мито, и веднаш бил обработен од МВР, дадени бележани пари и сега е зад решетки и се води постапка за него. Да беше во време на СДС немаше ништо од ова да се знае, затоа што никој немаше да биде санкциониран, а тие пари одамна ќе легнеа кај некој од главешините на СДС.


Ова денес, низ овој и многу други примери се гледа дека има правна држава и дека владее законот за сите. Е тоа криминалецот Венко не може да го разбере. Не ја разбираме хистеријата со која настапува СДС. Со тоа што саботираат делување на институции покажуваат дека и понатаму СДС и Венко Филипче бранат криминал. Но Венко е бастионот на криминалот во државата и уште 1.000 како Ислам Абази да има, нема да го спасат. Оваа Влада покажа дека се бори против криминалот секаде и против сите кои направиле незаконитост“, се вели во реакцијата.