На граничниот премин Табановце е уапсен 58-годишен маж од Велес, кој управувал автомобил „пежо“ со италијански таблички, за кој постоела потерница од Интерпол Италија. Возилото е одземено, а лицето предадено на полицијата за понатамошна постапка.
Вчера во 13:50 часот на Граничен премин Табановце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода 58-годишниот В.К. од Велес, со живеалиште во Валандово.
При извршена гранична контрола и проверка, било констатирано дека патничкото возило „пежо“ со италијански национални ознаки, кое тој го управувал е во потрага од Интерпол, Република Италија.
Возилото е одземено, а В.К. е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.








