Истепале полицаец на Мото собир и му се заканувале: Кривична против тројца прилепчани

Макфакс

05/09/2026

15:20

186

Големина на фонт

а а а

Тројца прилепчани се обвинети за напад врз полициски службеник и упатување закани на настанот Мото собир во Прилеп, при што полицијата поднесе кривична пријава за сторените дела.

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Ј.(52), Д.Ј.(26) и Н.Ј.(31), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „загрозување на сигурноста“.

На 22.08.2026 за време на одржување на настан „Мото собир“ во Прилеп, пријавените се однесувале недолично и агресивно кон полициски службеник, а потоа физички нападнале полициски службеник, додека извршувал службени дејствија, додека пак првопријавениот му упатувал закани кон него и неговото семејство.