16-годишник од Тетовско ненамерно повредил другар со остар предмет, потоа самиот се пријавил во полиција

Макфакс

04/09/2026

13:40

167

Големина на фонт

а а а

Во Тетово, 16-годишник ненамерно повредил другар со остар предмет, но потоа самиот се пријавил во полиција. Настанот се случил во близина на Културниот дом во Тетово, а полицијата работи на целосно документирање на случајот.

Малолетник бил повреден со остар предмет во близина на Културниот дом во Тетово, а 16-годишникот кој му ја нанел повредата подоцна сам се пријавил во полиција.

Случајот во полицијата синоќа го пријавил Б.Ш. (47) од тетовското село Челопек, татко на повреденото момче.

Според пријавеното, околу 18:30 часот неговиот малолетен син седел на клупа во близина на Културниот дом во Тетово, кога негов 16-годишен другар од тетовско село ненамерно му нанел повреда со остар предмет.

Подоцна, 16-годишникот, во придружба на родител и адвокат, сам се пријавил во СВР Тетово, по што бил приведен за телесна повреда.

За настанот е известен јавен обвинител, а полицијата работи на целосно документирање на случајот.