Двајца влегле во незаклучен стан во Центар, нападнале 88-годишник и го ограбиле

Макфакс

04/09/2026

12:40

110

Големина на фонт

а а а

Двајца мажи влегле во незаклучен стан во Скопје, во Центар, каде физички нападнале 88-годишен маж и го ограбиле, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

На 3 септември во 16 часот во СВР Скопје, 88-годишен маж од Скопје пријавил дека две машки лица влегле во неговиот незаклучен стан на подрачјето на Центар.

Според пријавеното, едниот од нив физички го нападнал, додека другиот му одзел пари, лични документи и други предмети, по што двајцата побегнале.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.