Украдени пригушници од железничка пруга и вратени на Железници, уапсен скопјанец

Макфакс

04/09/2026

11:40

180

Големина на фонт

а а а

Скопската полиција уапси 45-годишен маж поради кражба на пригушници од железничка пруга. Предметите се пронајдени и вратени на Железници на РСМ, а ќе следува и соодветна пријава.

Вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.С.(45) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава за извршени две тешки кражби на пригушници од железничка пруга, од кои една на подрачје на ПС Аеродром и една на подрачје на ПС Драчево.

По добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и З.С. е приведен во ПС Аеродром, а украдените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот Железници на РСМ.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.