Сончево време со температура до 33 степени

Макфакс

04/09/2026

08:20

134

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево и топло со максимални температури до 33 степени, а ветерот ќе дува од северен правец со повремено засилување. Во Скопје се очекува слична временска прогноза, а од вторник ветерот ќе се смени во југозападен.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 33 степени, информира.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени.

До средината на следната работна седмица времето ќе биде сончево и топло со слаба до умерена облачност во текот на денот. До понеделник ќе дува северозападен ветер кој во недела и понеделник долж Повардарието ќе надминува брзина од 40 km/h. Од Вторник ветерот ќе го смени правецот во југозападен.