Уапсени четворица Италијанци во Велес, ловеле дивеч без дозвола

Макфакс

03/09/2026

16:20

168

Големина на фонт

а а а

Во Велес уапсени се четворица Италијанци и еден македонски државјанин поради лов на дивеч без дозвола. При претрес се пронајдени и одземени ловечко оружје, муниција и незаконски улов, а против нив ќе бидат поднесени пријави за кривични дела.

Полицијата уапси четири италијански и еден македонски државјанин, при претрес во објектот во кој престојувале во Велес биле пронајдени и одземени ловечко оружје, муниција и уловен дивеч без дозвола.

На 02.09.2026 во 11:20 часот на автопатот Велес – Градско, полициски службеници  го лишија од слобода Л.Б.(60) од Италија, со привремен престој во Велес.

При преглед на патничко возило „ауди“ со албански национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 207 ловечки патрони за кои не поседувал соодветна документација.

Известен бил јавен обвинител и инспектор за странци и по документирање на настанот против Л.Б. ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Подоцна, во 18:50 часот, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода и Т.Р.(58), З.Д.(72) и А.А.(74), сите од Италија и М.И.(62) од Скопје.

При претрес во објектот во кој престојувале италијанските државјани во Велес, извршен со наредба од Основен суд Велес, каде бил затекнат и М.И., кој бил домар, биле пронајдени и одземени ловечко оружје, ловечки патрони, поголема количина улов, пари, документација и други предмети.

Известен бил претставник од ловечко друштво „Руен“ од Велес, при што било констатирано дека одземениот улов потекнува од кривично дело „Незаконит лов“, казниво по член 228 од Кривичниот законик. Л.Б., Т.Р. и М.И. биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно расчистување на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.