Шасивари – Солстром: Продолжува партнерството со Шведска во реформите и европската интеграција

Макфакс

03/09/2026

12:00

94

Големина на фонт

а а а

Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорот на Шведска Ола Солстром каде беше разгледана соработката и поддршката на Кралството Шведска во реформите на правосудството и европската интеграција во Северна Македонија.

Продлабочување на соработката со Кралството Шведска во реформите на правосудството, владеењето на правото и европската интеграција беше тема на денешната средба на министерот за правда Јетон Шасивари со амбасадорот на Шведска во Република Северна Македонија, Ола Солстром.

Министерот Шасивари изрази благодарност за континуираната поддршка на Шведска , особено преку UNOPS и ангажманот на експерти, која придонесува за зајакнување на институционалните капацитети и усогласување на законодавството со европските стандарди.

„Шведска е наш значаен партнер во процесот на реформи. Верувам дека преку експертиза, размена на искуства и конкретна поддршка можеме уште посилно да ги унапредиме институциите и да испорачаме подобри услуги за граѓаните“, потенцира министерот Шасивари.

На средбата беа разгледани тековните реформи поврзани со Кластер 1 – Фундаментални вредности, како и обврските од Реформската агенда во областа на владеењето на правото. Се дискутираше и за можностите за нови заеднички иницијативи, особено во дигитализацијата на правосудството, пристапот до правда, човековите права и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Меѓународната правна помош меѓу двете земји се одвива непречено, без отворени прашања кои би ја попречувале соработката.