Удрил во кучиња скитници, па во браниците на патот Охрид-Кичево, по што возилото се запалило: Во автомобилот пронајдено телото на починатиот возач

Макфакс

03/09/2026

10:31

733

Големина на фонт

а а а

Патничко возило удрило во кучиња скитници и браници на патот Охрид-Кичево, што предизвикало пожар и смрт на возачот, по што бил извршен увид и телото е предадено на обдукција.

Вчера во 23:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки удрило во кучиња скитници, по што и во метални браници на патот и се запалило.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, пожарот е изгаснат, а во возилото е пронајдено телото на починатиот возач.


По наредба на јавен обвинител, телото е предадено во Судска медицина на обдукција и за утврдување на идентитетот на лицето. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид и за време на увидот сообраќајот на магистралниот пат беше пренасочен по регионалниот пат Охрид-Струга.