Под раководство на градоначалникот Дејан Митески, долговите на училиштата во Општина Аеродром значително се зголемија и достигнаа 39 милиони денари, што предизвикува прашања за користењето на парите и финансирањето на училиштата кои се одржуваат главно преку донации од родители.
„За нешто повеќе од две години под раководство на градоначалникот Дејан Митески долговите на училиштата во Општина Аеродром рипнаа од околу 3 милиони денари на 39 милиони денари. За споредба, во Општина Чаир која важи за една од најлошо водените општини, сите училишта должат 22 милиони денари“, велат од Левица Аеродром.
„Најпоразително е што училиштата не трошат пари за апсолутно ништо и целото тековно работење се финансира преку „донации” од родителите на учениците.
Кога трошоците за целото тековно работење паѓаат на грбот на родителите, како е возможно училиштата секоја година да трупаат долгови?
Каде се трошат парите“, прашуваат од Левица Аеродром.








