ЛДП заборава дека нејзиниот поранешен претседател Жерновски, кој сега е во СДС, во 2009 година со иницијатива пред Уставниот суд го сруши првиот закон за додаток за трето и четврто родено дете, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

02/09/2026

13:20

85

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ реагира на оценката на ЛДП за изјавата на министерката за образование, потсетувајќи на иницијативата на поранешниот претседател на ЛДП од 2009 година за укинување на законот за додаток за третото и четвртото дете.

Нашата политичка заложба како партија и како Влада која ја предводиме е директно во корелација со семејните вредности, велат од ВМРО-ДПМНЕ откако од ЛДП го оценија како срамен, скандалозен и без ронка емпатија настапот на министерката за образование пред првачињата.

Во однос на коментарите на политичката партија ЛДП за изјавата на министерката Јаневска, сакаме да ги потсетиме дека во 2009 година, поранешниот претседател на ЛДП, а сегашен член на ИО на СДС, со иницијатива пред Уставниот суд го сруши првиот Закон за додаток за трето и четврто родено дете“, истакнуваат од партијата на Мицкоски.