Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваше улогата на Венко Филипче и раководството на СДС, истакнувајќи дека нивниот став за дата центрите е во согласност со интересите на Кина и против стратешкиот партнер Македонија - САД.
„Венко Филипче кој има главна улога во талогот на општеството заедно со неговото раководство во СДС ширејќи лаги и хистерија во јавноста за дата центрите се најде на иста линија со Кина, а против САД кои се стратешки партнер на Македонија“, кажа Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„И во САД има обиди за креирање на јавно мислење против изградба на дата центри. Според натписи од американските медиуми истите информации против индустријата со дата центри се шират организирано од голем број на профили од Кина.
И овие профили на социјалните мрежи организирани од Кина се на иста линија со Филипче или Филипче е на иста линија со нив.
И ставот на Кина е разбирлив затоа што САД со дата центрите и се најголем конкурент.
Но, ставот на Филипче не е за разбирање.
Зошто? Затоа што покрај наводната грижа која Филипче ја изразува од евентуално зголемено трошење електрична енергија и штетно влијание на водите во државата, тој вчера посочи дека граѓаните нема да видат никаква добивка од дата центрите.
Зарем Филипче мисли дека од развиена индустрија граѓаните немаат добивка? Зарем Филипче мисли дека национален дата центар во кој ќе се чуваат податоци на граѓаните и на државата не се придобивка?
Талогот на СДС и Филипче покажуваат само едно грижа за сопствени интереси, но не и интереси за подобар живот на граѓаните“, изјави Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.












