4 милиони евра поделиле општините за поддршка и дотации на граѓаните во изборната 2025 година, ново истражување

Макфакс

02/09/2026

10:02

50

Големина на фонт

а а а

Новото истражување покажува дека во 2025 година општините во Македонија поделиле над четири милиони евра за финансиска поддршка и дотации на граѓаните, со различни правила и износи според општините.

„63 општини во земјава лани потрошиле 4.056.482 евра за разна финансиска поддршка и дотации за жителите во општините. Ова е за речиси еден милион евра повеќе отколку во претходната 2024 година“, се наведува во новото истражување на Центарот за граѓански комуникации.

„Паричната помош е доделувана според 92 различни основи. Поединечните износи се движат до 100.000 денари за брак и 200.000 за фасада. Пари и помош биле доделени на вкупно 58.290 граѓани.

Најмногу граѓани со помошта опфатиле Гази Баба и Кисела Вода, секоја по повеќе од 10.000 жители. Најмногу пари поделиле скопските општини Аеродром и Центар, секоја по повеќе од половина милион евра. Секоја општина применува свои правила, називи и основи за доделување на помошта. Нема воедначеност на сумите што ги исплатуваат општините за иста основа. За новороденче се исплатуваат од 3.000 до 30.000 денари, а за прваче сумите се движат од 2.000 до 8.000 денари.

Нејасно е дали општините имаат ингеренции за вакви дотации и помоши, особено што секоја општина применува различни правила, процедури, постапки, износи и категории“, стои во истражувањето

 

До целото истражување можете да пристапите и преку следниот