Трамп: Не се обидувам да го присилам Иран да седне на преговарачка маса

Макфакс

02/09/2026

09:55

40

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не се обидува да го присили Иран да седне на преговарачка маса и дека не му е важно дали ќе се потпише договор, додека истакна дека Иран се соочува со неизбежни последици.

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека „не се обидува да го присили Иран“ да седне на преговарачка маса, како што објави „ABC News“, за која рече дека шири лажни вести.

„Воопшто не ми е гајле дали ќе потпишат безвреден, за нив, договор. Многу повеќе ми се допаѓа нашата сегашна позиција, со речиси целосна контрола врз Ормускиот теснец и нивната економија целосно да се урива“, рече Трамп во објава на Truth Social.

Трамп рече дека Иран се соочува со „неизбежното“, пренесува Танјуг.

„Кога иранскиот народ ќе стане и се бори“, праша Трамп.