Денеска делови од општините Чаир, Ѓорче Петров и Центар ќе останат без електрична енергија поради планирани исклучувања од страна на ЕВН Македонија АД.
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Битпазарска лоцирани околу хотел АЕН, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улицата Драгутин Аврамовски – Гуте, општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улицата Герман и Железничка, општина Центар.








