Советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека постои можност за трилатерална средба на рускиот претседател Владимир Путин, американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Ши Џинпинг на претстојниот самит на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК).
На прашањето дали се разгледува таква средба, Ушаков потврди дека за тоа се разговарало.
Тој рече дека се очекува тројцата лидери да присуствуваат на самитот и дека, доколку сè се одвива според најавите, тие ќе можат да се сретнат.
Белата куќа засега не се огласила за можната средба.








