Лебеф за ѕвездата на Челси: Време е да си замине…

Дерби

01/09/2026

11:10

140

Големина на фонт

а а а

Одбројување ситно до крајот на летниот преоден рок, но токму тука во овие последни часови, завршница може да се случи и некоја трансфер бомба.

Со оглед на финансискита моќ клубовите од Премиер лигата можат да испорачаат вакво сценарио, а најблиску до тоа е Енцо Фернандез. Аргентинецот веќе некое време е на Манчестер Сити, клуб кој веќе е во директни преговори со Челси и останува да се види дали двете страни ќе пронајдат заеднички јазик.

Енцо настапи за „сините“ само на почетниот меч против Фулам како резерва, а потоа беше „отпишан“ од тренерот Чаби Алонсо додека не се реши прашањето околу неговата иднина.

Франк Лебеф имаше можност петгодини да го носи дресот на Челси и според него Фернандез мора да си замине, односно најлошо ќе биде ако на крајот по се што се случуваше да продолжи да настапува за лондонскиот состав.

- Енцо Фернандез, мислам дека е готов. Имаме случај со Хулијан Алварез. Клубот може да се бори и да се обиде да го задржи играчот, но ако играчот сака да си оди, мора да си оди бидејќи нема шанси да биде целосно подготвен, целосно подготвен и психолошки, да даде 100 проценти.

- Мислам дека никој не сака Енцо Фернандез да остане. Време е тој да си оди бидејќи одлучи да си оди бидејќи покажа минатата сезона поради неговиот коментар дека сака да си замине. Значи, збогум. Среќно, - порача Французинот кој со премиерлигашот освои некои трофеи на домашната и меѓународната сцена.