Претрес во скопско, пронајдена дрога: Уапсен 34-годишник

Макфакс

01/09/2026

10:20

61

Големина на фонт

а а а

Во село Инџиково, скопско, полицијата уапси 34-годишник при претрес во неговиот дом каде пронајде марихуана и дигитална вага. Лицето е задржано, а се очекува да му биде поднесена пријава по целосно документирање на случајот.

Ноќеска во 00:05 часот во село Инџиково, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 34-годишниот Р.С. од село Инџиково.

При претрес во домот на 42-годишната А.Д. од истото село, извршен со судска наредба, Р.С. бил затекнат и при преглед кај него биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана и дигитална вага.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.