Утре сончево и топло време со температура до 37 степени

Макфакс

31/08/2026

17:40

53

Големина на фонт

а а а

Времето утре ќе биде претежно сончево и топло со температура што ќе достигне до 37 степени, а условите за локална нестабилност ќе се појават во одредени делови од земјата, особено кон среда и четврток.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветар од северен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во наредните денови времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток кога процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен ветар, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град.

Во петок и за време на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.