ВМРО-ДПМНЕ реагира на тврдeњата на СДС во однос на наводните бизниси за дата-центри поврзани со Мицкоски и ги повикува да достават конкретни докази за тие обвинувања.
Во однос на прашањето поставено на прес-конференцијата на СДС, дали Мицкоски „под радарот“ на јавноста договара бизниси за дата-центри, одговорот е не, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Но бидејќи секогаш товарот за докажување на тврдењето е на тој кој го обзнанува, јавно ги повикуваме СДС да достават докази за тоа што го тврдат. И да не биде тоа во прашална форма за да може да има тужба за клевета. Ваквото неодговорно тврдење на талогот на СДС е еквивалентно на тоа да обзнаниме дека Венко Филипче зема мито за да влезе на операција на пациент, најмалку 10 илјади евра. Иако постојат тврдења и цитати за Венко „под 10 илјади евра не отворам паштета, не пак глава на пациент“ ние докази се уште немаме. И затоа нема да се однесуваме неодговорно како СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.








