Министерот за правда Јетон Шасивари оствари средба со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ, на која се потврди подготвеноста за продлабочување на соработката во правосудството и натамошно јакнење на институционалната соработка во процесот на европска интеграција.
Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари работна средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, на која беше потврдена подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете земји во областа на правосудството и владеењето на правото.
На средбата се разговараше за тековните реформски активности и идните приоритети во спроведувањето на Реформската агенда, со посебен акцент на размената на знаења и искуства во усогласувањето на законодавството со европското право, како и на натамошното јакнење на институционалната соработка.
Хрватска е наш пријател и поддржувач на патот кон европската интеграција, а нејзиното искуство од процесот на интеграција во Европската Унија е од особено значење за нашата држава. Ова искуство, особено во спроведувањето на реформите и усогласувањето со европските стандарди, претставува значајна поддршка за нашата држава на патот кон членство во Европската Унија.
На средбата беше потврдена заедничката определба за продолжување на партнерската соработка и размената на искуства, со цел унапредување на реформите и забрзување на процесот на европска интеграција.








