Утре без вода дел од Општина Карпош

Макфакс

31/08/2026

14:00

53

Големина на фонт

а а а

ЈП Водовод и Канализација информира дека поради дефект на водоводна цевка утре ќе има прекин во водоснабдувањето во дел од Општина Карпош, поточно во улиците Васил Ѓоргов и Франклин Рузвелт.

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре, (01.09.2026 година, вторник) поради дефект на водоводна цевка од ф – 200 мм на ул. Васил Ѓоргов б.б – спроти Завод за Вработување, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улиците Васил Ѓоргов и Франклин Рузвелт. (општина Карпош)