Во наредните денови се очекува нестабилно време со пороен дожд, засилен ветер и грмежи, а УХМР најавува можни невремија и појава на град на некои места.
Денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.
Наместа ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе
дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Максималната температура ќе биде во
интервал од 30 до 38 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец и со температура до 38 степени.
Во среда и четврток времето ќе биде сончево и топло. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Во Скопје, во среда и четврток ќе биде сончево и топло. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.








