Сончево и топло со мала до умерена локална облачност

Макфакс

30/08/2026

09:34

184

Големина на фонт

а а а

Денешното време ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, на некои места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје ќе има слични услови со температури до 36 степени и слаб до умерен јужен ветер.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а наместа ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 15 до 23, а максималната ќе достигне од 31 до 36 степени.

Во Скопје времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне до 36 степени.

Во текот на новата работна седмица времето ќе се задржи сончево и топло, со услови за слаба локална нестабилност во попладневните часови.