Во Тетово, 27-годишен маж е лишен од слобода по пријава дека одзел ташна со лични предмети, платежни картички и мобилен телефон од жена. Одземените предмети се пронајдени и вратени, а случајот е пријавен во полиција.
Дваесет и седум годишен тетовец е лишен од слобода по пријава од 45-годишна жена дека во близина на бензинска станица во Тетово и одзел ташна.
Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека полициски службеници од СВР Тетово вчера во 13:40 часот во Тетово, го лишиле од слобода М.Ц. (27) од Тетово, по претходна пријава од 45-годишна жена од с. Ново Село, дека во близина на бензинска пумпа во Тетово, и одзел ташна со лични предмети, платежни картички и мобилен телефон.
– Одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката, а по документирање на случајот, против М.Ц. ќе биде поднесена соодветна пријава – велат од МВР.








