Две артилериски гранати од Првата светска војна биле безбедно отстранети од атарот на село Мегленци, општина Новаци, во регион што бил погоден од мариовски пожар. Гранатите, откриени од противпожарната единица, претставуваат голема опасност за локалното население.
Пиротехничар на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) од атар на село Мегленци во општина Новаци безбедно отстранил две артилериски гранати од 75 mm и 155 mm од Прва светска војна, од предел што бил зафатен од мариовскиот пожар пред неколку денови, информира денеска ДЗС.
– Неексплодираните убојни средства (НУС), гранатите, биле извадени од место што претходно било опфатено со пожар при што не експлодирале од огнот. Таквите гранати и други убојни средства се опасност плус за сите кои се наоѓаат во регион каде што ги има, а тој е зафатен од пожар – се вели во информацијата од ДЗС.
Гранатите биле откриени од припадници на Територијалната противпожарна единица Битола.








