Во Куманово утрово беше уапсен маж по пријава за физички напад врз сопругата и малолетниот син. Полицијата веднаш интервенираше и по завршување на истрагата ќе поднесе пријава.
Утрово во 00:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода З.Н.(48) од Куманово.
Полицијата постапила по пријава дека во семејниот дом во Куманово се обидел физички да ја нападне неговата 48-годишна сопруга, по што физички го нападнал неговиот малолетен син.
По целосно документирање на случајот, против З.Н ќе биде поднесена соодветна пријава.








