Во Грција, 19 лица починаа од вирусот со западнонилска треска

Макфакс

27/08/2026

13:20

94

Големина на фонт

а а а

Во Грција се регистрирани 232 случаи на заболени од вирусот Западен Нил, а 19 лица починале од оваа болест, претежно постари од 65 години. Најголем број заболени има во источна Атика, со 73 хоспитализирани пациенти.

Во последната недела, 47 лица се разболеа од вирусот Западен Нил во Грција, со што вкупниот број на заболени лица достигна 232, објави Националната здравствена организација (ЕОДИ), додавајќи дека 19 лица починале од вирусот од почетокот на годината, или шест во последните седум дена.

73 лица се хоспитализирани.
Најголем број случаи е регистриран во источна Атика, пренесува Танјуг.

Починатите лица биле претежно постари од 65 години, а од вкупниот број случаи, 116 се манифестирале со заболувања на централниот нервен систем (енцефалитис или менингитис).