Шести смртен случај со западнонилска треска: Почина 72-годишен пациент по 15 дена лекување на Инфективна

Макфакс

27/08/2026

13:11

153

Големина на фонт

а а а

Инфективната клиника регистрира шести смртен случај од западнонилска треска, со 72-годишен пациент кој почина по 15 дена потешко лекување и сериозна клиничка слика.

Инфективната клиника регистрираше шести смртен случај на пациент заразен со западнонилска треска. Директорот на Клиниката, Фадил Цана, вели дека пациентот имал изразито тешка општа состоја.


„Вчера во попладневниве часови почина уште еден пациент. Се работи за 72-годишен пациент кој беше хоспитализиран пред 15 дена на Клиникава во изразито тешка општа состојба, со тешка клиничка слика. И покрај сите преземени интензивни мерки во одделот за интензивно лекување, во вчерашните попладневни часови настави летален исход“, рече директорот Цана.


Клиниката за инфективни болести досега биле или се хоспитализирани 57 пациенти. Од нив директорот Цана вели дека 27 се излекувани, во моментов на лекување се 18 пациенти од кај 15 лабораториски е потврден вирусот и кај сите е во невроинвазивна форма.