Општина Илинден: Започна изградбата на капела во рамки на локалните гробишта во м.в. Јака, Марино

Макфакс

27/08/2026

12:40

68

Големина на фонт

а а а

Општина Илинден започна со изградба на капела во локалните гробишта во месноста Јака, Марино, што претставува значаен инфраструктурен проект и придонесува за подобри услови при верските и комеморативните обреди.

Општина Илинден започна изградба на капела во месноста Јака

Општина Илинден информира дека започна со изградба на капела во рамки на локалните гробишта во месноста викана Јака, во населеното место Марино. Станува збор за, како што велат, значаен инфраструктурен проект, кој за првпат обезбедува објект од ваков вид на територијата на општина Илинден.

Новата капела ќе придонесе за подобро уредување и функционално унапредување на просторот на локалните гробишта, обезбедувајќи соодветни и достоинствени услови за верските и комеморативните обреди.

Увид во градежните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека објектот ќе располага со капела за изложување на покојникот, комора со четири фиоки за чување на покојниците, два тоалета, административна и помошна просторија, како и свеќарница.

„Просториите се проектирани така што истите обезбедуваат соодветни услови за прием, чување и достоинствено испраќање на покојниците, како и за извршување на неопходните придружни и административни работи.“ – истакна градоначалникот Георгиевски.

„Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден одговара на конкретните потреби на локалното население и создава подобри услови за семејствата во ваквите особено тешки моменти. Изградбата на капелата е дел од континуираните активности на Општина Илинден за реализација на капитални и комунални проекти насочени кон подобрување на јавната инфраструктура“.