[ВИДЕО] Борозан: Власта под радарот турка дата центри за профит – ги става во ризик водата, струјата и земјоделството

Макфакс

27/08/2026

11:40

103

Големина на фонт

а а а

Маја Борозан од СДСМ обвинува дека Владата и ВМРО-ОКГ под радарот го туркаат проектот за дата-центри кои можат да ги загрозат водата, струјата и земјоделството. Тие ќе користат голем капацитет струја и вода, а сето тоа се прави со цел остварување големи профити, што може да ја зголеми цената на струјата и да ги доведе земјоделците во ризик поради недостиг на вода.

Власта на Мицкоски и ВМРО-ОКГ под радарот и зад грбот на народот турка проекти за дата-центри кои можат директно да ги загрозат водата, струјата и македонското земјоделство, исткана Маја Борозан од СДСМ.

Директен пристап до реката Вардар

„Освен во Пехчево, веќе објавивме дека компанија соопштила јавно дека за дата центри во Македонија добила капацитет на струја од 100 мегавати и директен пристап до реката Вардар за ладење од страна на Владата.

За ова владата нема ништо нема соопштено.

Кој профитира?

Се прават дилови за профити додека се крие од јавноста какви обврски се преземаат и како овие проекти ќе влијаат врз природните, енергетските ресурси во државата и земјоделието“.

Овие дата-центри, додава таа, трошат огромен капацитет на струја.

Оценува дека поради тоа што струјата ќе се троши повеќе, ќе има поголем увоз од странство.

„А сите знаеме кој профитира од зголемениот увоз на струја.

Што ќе значи ваквата потрошувачка за цената на струјата за граѓаните? Колку ќе ги чини?

Кој гарантира дека граѓаните нема да плаќаат повисока цена за струјата за некој друг да прави огромни профити?

Вода за ладење

Понатаму, прашањето е и за огромната количина на вода која што ќе ја користат дата-центрите, кои што Организираната криминална група на ВМРО ги турка под радар за профит.

Кој гарантира дека земјоделците нема да останат без вода за наводнување заради дата-центрите“.

Земјоделскиот сектор и земјоделците, додава Борозан, се целосно запоставени, сега им следи нов удар поради тоа што водата ќе биде пренасочена за ладење на дата-центри.

„Штом сето ова се турка без отворена и транспарентна постапка пред граѓаните јасно е дека целта е дебели профити за Организираната криминална група, врз грбот на народот“.