Денеска прекин на водоснабдувањето на две улици

Макфакс

27/08/2026

06:50

183

Големина на фонт

а а а

Од ЈП Водовод и канализација соопштуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ќе има прекин во водоснабдувањето за корисниците на улиците Воин Драшкоци и Исаија Мажовски. Овој прекин ќе трае од 09:00 часот до завршување на активностите.

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека денеска без водоснабдување ќе бидат корисниците:

– Поради изведување на водоводен приклучок ф-200мм на улицата Воин Драшкоци бб (за ООУ “Димитар Поп Георгиев Беровски„), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Воин Драшкоци и Исаија Мажовски.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.