[ВИДЕО] ВМРО и ДУИ договориле блокада на Собранието како алиби за предвремени избори, вели Филипче

Макфакс

26/08/2026

15:20

68

Големина на фонт

а а а

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини за договор меѓу ВМРО и ДУИ со цел блокада на Собранието како алиби за предвремени избори. Според него, процедуралните интервенции на ДУИ имаат за цел запирање на работата на парламентот.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, обвини дека постои договор меѓу ВМРО и ДУИ за блокирање на работата на Собранието, со цел создавање алиби за распишување предвремени парламентарни избори.

„Како алиби за распишување на избори, постои договор помеѓу Oрганизираната криминална група ВМРО и ДУИ, а тоа е да со процедурални интервенции од страна на пратеничката група на ДУИ се блокира работата на Собранието и тоа води кон предвремени избори“, истакна Филипче.