61-годишен маж од општина Маврово и Ростуше е уапсен поради насилство врз сопругата, која ја затворил во семејната куќа, ја тепал и ѝ се заканувал. Жената е ослободена, а против мажот ќе следува пријава.
Вчера во 19:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше го лишија од слобода 61-годишниот М.Б. од село во општина Маврово и Ростуше, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа ја затворил неговата 49-годишна сопруга, физички ја нападнал и ѝ се заканувал.
Околу 19:30 часот полициски службеници ја ослободиле жената, а тој бил приведен и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.








