При гаснење пожар во општина Новаци пронајдени две гранати

Макфакс

26/08/2026

15:00

65

Големина на фонт

а а а

При гаснење пожар во општина Новаци биле пронајдени две артилериски гранати кои датираат од Првата светска војна и биле безбедно отстранети од пиротехничари.

На 24.08.2026 во 21:30 часот во Полициското одделение Новаци било пријавено дека при гаснење на пожар во атар на село Арматуш и село Мегленци, општина Новаци, биле пронајдени две гранати.

Гранатите биле безбедно подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување на 25.08.2026 и било констатирано дека се работи за две артилериски гранати со калибар од 155 мм, односно 75 мм кои потекнуваат од Првата светска војна.