Општина Аеродром: Отстрануваме хаварисани возила од јавните површини

Макфакс

26/08/2026

12:20

146

Големина на фонт

а а а

Општина Аеродром продолжува со акции за ослободување на јавните паркинзи преку отстранување на хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила, со цел подобрување на комуналниот ред и обезбедување пристапност за граѓаните.

Продолжуваме со активности за ослободување на јавните паркинзи и подобрување на комуналниот ред во Општина Аеродром. По спроведена постапка и претходно известување на сопствениците, општинскиот Инспекторат започна со подигнување и отстранување на хаварисани, отпадни и нерегистрирани возила од јавните површини, извести градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески.

„Возилата се подигаат со шлеп-транспортна служба и се транспортираат на собирно место – депо на Општината, со што се ослободуваат паркинг-места и простор што треба да им биде достапен на граѓаните.

Инспекторатот продолжува со спроведување постапка за отпадни, хаварисани и возила што се нерегистрирани повеќе од три години. По завршувањето на соодветните постапки, ќе следува нивно отстранување од јавните површини, како и соодветни санкции согласно со Законот за управување со дополнителни текови на отпад и Одлуката за комунален ред на Општина Аеродром.

Истото важи и за камп-приколките и чамците оставени на јавни паркинзи и на други јавни површини. Јавниот простор не смее да биде долгорочно зафатен со предмети и возила што не се во функција“, велат од Општината.