Интензивно се работи на гаснење на пожарот на депонијата во Кавадарци, објави Јанчев

Макфакс

26/08/2026

10:40

121

Големина на фонт

а а а

Во Кавадарци се води активна акција за гаснење на пожарот на депонијата „Мелци“ со максимално ангажирање на механизација, опрема и човечки ресурси, со цел целосно нормализирање на состојбата и запирање на чадењето.

Интензивно се работи на терен на депонијата „Мелци“, со максимално ангажирање на механизација, опрема и човечки ресурси, со единствена цел – целосно нормализирање на состојбата, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

Во моментов се ангажирани булдожери, багери, екипи на ЈП „Комуналец“, камиони и цистерни.

„Во акцијата се вклучени и општествено одговорни компании и институции, кои со својата механизација и ресурси даваат значаен придонес во справувањето со состојбата. Ќе се работи интензивно и континуирано, сè до целосно стабилизирање на состојбата и целосно прекинување на чадењето“, вели Јанчев.

Градоначалникот најави дека работите ќе продолжат сè додека ситуацијата во „Мелци“ не биде целосно ставена под контрола.