Исклучени четири фонтани во Општина Карпош како превенција од западнонилска треска

Макфакс

26/08/2026

11:40

103

Големина на фонт

а а а

Општина Карпош исклучи четири фонтани како мерка за превенција од западнонилска треска, со цел да се спречи појавата на ларви и комарци кои пренесуваат вирусот, апелирајќи до граѓаните да ги следат препораките на Институтот за јавно здравје.

Во насока на преземање активности за справување со вирусот на западнонилска треска, Општина Карпош ги исклучи четирите фонтани кои се наоѓаат на нејзина територија.

„Општинските служби го преземаат овој чекор, како превентивна мерка за спречување на појава на ларви и комарци, кои шират вирусни заболувања. За таа цел се исклучени: Фонтаната во населбата Бардовци; Фонтаната спроти студентскиот дом „Гоце Делчев“; Фонтаната на плоштадот Делфина во Влае и Фонтаната во Карпош 3 (спроти Тинекс)“, соопштија од Општината.

„Се надеваме на разбирање од карпошани, бидејќи Општина Карпош ја презема оваа мерка во интерес на безбедноста и здравјето на сите жители. Во оваа пригода, апелираме до нашите сограѓани да се придржуваат до препораките од Институтот за јавно здравје“, велат надлежните.