Акција за отстранување на хаварисани возила низ Карпош

Макфакс

25/08/2026

19:00

105

Големина на фонт

а а а

Општина Карпош спроведе акција за отстранување на хаварисани возила од јавните површини, со цел да се ослободи просторот и да се подобри квалитетот на животната средина во градската четврт.

Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа.

Акцијата се одвиваше во реонот на У.З. „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска постапка, извести Општина Карпош.

„Целта на оваа иницијатива е ослободување на јавните површини, како и подобрување на квалитетот на здравата животна средина. Општина Карпош апелира на совесно однесување на граѓаните, во насока на заедничко дејствување за почист Карпош“, се додава во соопштението.