Без вода утре делови од општините Центар и Карпош

Макфакс

24/08/2026

16:20

183

Големина на фонт

а а а

ЈП Водовод и канализација соопшти дека утре делови од општините Центар и Карпош ќе останат без водоснабдување поради изведување на приклучок и санација на дефекти.

Од ЈП Водовод и канализација известуваат дека утре без водоснабдување ќе останат

· Поради изведување на водоводен приклучок на улицата 2 бр.2 Козле, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица 2 и дел од улицата Козле-висока зона, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со активностите;

· поради дефект на приклучна цевка ф-2“ на улицата Мирче Ацев бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Мирче Ацев и улицата Мирче Мацан. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, општина Центар.