Тешко повреден маж од Неготино: изгубил контрола над мопедот и паднал

Макфакс

24/08/2026

14:00

150

Големина на фонт

а а а

На 23 август 2026 година во Неготино, маж со мопед изгубил контрола и паднал, задобивајќи тешки телесни повреди. На местото на несреќата извршен е увид од полициска екипа.

На 23.08.2026 во 10:40 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на крстосница од ул.„Индустриска“ со крак од истата улица, 45-годишниот Р.Т. од Неготино управувајќи мопед со неготински регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци.

Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.